Top Sport

Тадиќ: Ајакс е мојот клуб, немам причина да одам во Барселона!

Српскиот фудбалски репрезентативец, Душан Тадиќ во интервју за „De Telegraaf“ зборуваше за неговата кариера, соиграчите во Ајакс, но и за понудата од Барселона да го напушти Амстердам.

Офанзивниот фудбалер минатата сезона имаше партии за незаборав во Лигата на шампионите во дресот на Ајакс. Иако имаше неколку понуди да ја промени средината, сепак реши да остане верен на тимот од Амстердам.

„Не ме изненади интересот од Барселона, верувам во себе, а и имав сјајна сезона. Сепак, реков неколкупати, Ајакс е мојот клуб, немам причина да одам во Барселона кога овде имам се. Освен тоа под договор сум до 2026 година“ – изјави српскиот фудбалер.

Наводно летоска играчот бил блиску до трансфер и до Реал Мадрид, но информациите се дека Зидан одбил да го ангажира затоа што Тадиќ не му се вклопувал во концепцијата за подмладување на екипата.

Scroll to Top