Ненад Чанак во петокот официјално е претставен како нов шеф на стручниот штаб на кошаркарите на Партизан. Поранешниот кошаркар на овој тим на клупата го наследи Мирислав Мута Николиќ, кој пред три дена доби отказ.
Чанак сезоната ја почна како тренер на Спартак од Суботица, но го раскина договорот кога Партизан му понуди да го наследи Николиќ. Чанак минатата сезона му беше асистент на Џикиќ на клупата на Партизан.
„Според квалитетот на играчите, МЗТ не го заслужува местото на табелата на кое се наоѓа. Многу го почитувам тренерот Лукајиќ, кој имаше големо влијание на мојата кошаркарска кариера. Тој е тренер воин кој не се предава и сигурно е дека ќе го мотивира добро својот тим. МЗТ има добро балансиран тим, на надворешните позиции имаа четворица компатибилни играчи кои во секој момент претставуваат опасност. Очекувам моите момци да го дадат максимумот, а се надевам дека и навивачите ќе го препознаат моментот во кој се наоѓаме и ќе дојдат да нè поддржат“, изјавил Чанак.
Првиот дел од сезоната Партизан го заврши со пет победи и шест порази и се наоѓа на делба на четвртата позиција на табелата, додека МЗТ е закован за дното со девет порази и само две победи.
Првиот меч сезонава одигран на 29 септември во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, МЗТ го доби со 92:89.
Натпреварот од 12.коло во Белград се игра в сабота од 19 часот.