По 5 години поминати во Истанбул, во Фенербахче, искусниот грчки кошаркар Костас Слукас (30) се враќа во Оимпијакос. Слукас потпиша тригодишен договор со клубот во кој настапуваше од 2008 до 2015 година.
Плејмејкерот беше еден од главните адути во филозофијата на тренерот Жељко Обрадовиќ кој летово го напушти турскиот клуб
Слукас со Фенербахчеосвои 9 трофеи, од кои најважна е титулата во Евролигата, негова трета во кариерата, откако освои две во низа со „црвено-белите“ од Пиреја, во 2012 и 2013 година.
Минатата сезона постигнуваше во просек по 11.6 поени, 6.1 асистенции и 3 скока на меч.
OFFICIAL: Fenerbahce and Kostas Sloukas part ways pic.twitter.com/uF41oCcaBu
— Emiliano Carchia (@Carchia) July 23, 2020