Top Sport

Надал: Федерер е најдобар на сите времиња!

Познатиот шпански тениски тренер, Тони Надал, чичко на тенискиот ас, Рафаел Надал го изнесе своето мислење за тоа кој е најдобриот во „белиот спорт“ на сите времиња.

Поранешниот тренер на Рафа во емисијата на Матс Виландер рече дека нема дилема дека Швајцарецот Роџер Федерер е најдобар меѓу најдобрите.

„Тој е сјаен играч, сакам да го гледам како игра. Додека му бев тренер на Рафаел Надал се разбира дека сакав победа против него во сите мечеви. Го сакам начинот на кој игра затоа што е многу елегантно, а сепак продуктивно. Знам дека е Федерер најдобар на сите времиња.

Тони Надал проектираше и како, според него, изгледа совршен играч.

Тој го одбра сервисот и волејот на Федерер, додека не беше баш најодлучен кога се работи за форхендот. Се двоумеше меѓу Швајцарецот и неговиот внук.

Го одбра бекхендот на Ѓоковиќ, а кога се работи за движење и ментална сила, ги спои Надал и Ѓоковиќ.

Scroll to Top