Top Sport

Нуркиќ испиша историја, нов трипл-дабл на Јокиќ (Видео)

Центрите на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ и Портланд Трејлблејзерс, Јусуф Нуркиќ ги распаметија НБА фановите со своите изданија во победите над Њујорк Никс, односно Сакраменто Кингс.

Србинот Јокиќ го запиша третиот трипл-дабл во сезоната, вкупно 19. во кариерата, во тесната победа на Денвер над Њујорк 115:108, додека Босанецот Нуркиќ го запиша своето име во НБА историјата, а Портланд по продолжението победија против Сакраменто 113:108.

Јокиќ натпреварот против Њујорк го заврши со 19 поени, 14 скока, 15 асистенции, три блокади и една украдена топка.

Инаку најефикасен кај Нагетс во 24.победа сезонава беше Малик Бизли со 23 поени, а Пол Милсап уфрли 16 поени.

Кај Њујорк се истакна Турчинот Енес Кантер со 17 поени и 12 скока.

Јусуф Нуркиќ го одигра мечот на кариерата против Сакраменто. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина забележа 24 поени, 23 скока, седум асистенции и по пет блокади и украдени топки.

Тој стана првиот играч во историјата на НБА лигата кој забележал најмалку по пет „поени“ во пет статистички категории, а при тоа да имал најмалку 20 поени и скокови.

Неговиот соиграч Демијан Лилард запиша 26 поени и по шест скока и асистенции.

Кај Сакраменто блискаа двајцата играчи од Србија, Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица. Богдановиќ забележа 19 поени, пет скока, пет асистенции и две блокади, а Бјелица оствари дабл-дабл од 14 поени и 16 скока.

Scroll to Top