Top Sport

Нуркиќ нема среќа, нова тешка повреда, овојпат на раката

Кошаркарот на Портланд, Јусуф Нуркиќ (БиХ) ноќеска доживеа нова тешка повреда, го скрши рачниот зглоб, па повторно ќе мора да паузира во НБА лигата.

Во мечот што неговиот Портланд го загуби од Индијана (111-87) центарот при еден дуел со противничкиот плејмејкер Малколм Брогдон во обид да му ја избие топката од рацете почувствува болка, по што веднаш го напушти мечот и се упати кон соблекувалната.

Од Портланд ги потврдија лошите вести:

Нуркиќ одигра само 19 меча за Трејлблејзерси по претходната повреда на ногата.

Scroll to Top