Јусуф Нуркиќ, кошаркарот на Портланд, не игра поради повреда, но тоа не го спречи да биде во центарот на вниманието на натпреварот против Индијана.
Индијана го декласира Портланд со 129:98, а според американските медиуми, домашните навивачи во текот на целиот натпревар го провоцирале Нуркиќ, кој натпреварот го следеше од клупата на Портланд.
На крајот од мечот, репрезентативецот на Босна и Херцеговина имал блиска средба со еден навивач, му го одзел и му го фрлил телефонот.
Брзата реакција на обезбедувањето спречила поголем инцидент.
Jusuf Nurkic tosses fans' phone ??
? via Zippitydo2/Reddit pic.twitter.com/J4aFzA7nVv
— BasketNews.com (@BasketNews_com) March 21, 2022