Top Sport

Нурс тренер на годината во НБА

Тренерот на Торонто Репторс Ник Нурс ја доби наградата за тренер на годината во НБА лигата.

Нурс минатата сезона ја освои шампионската титула до Торонто, а оваа со скор од 53 победи и 19 порази неговиот тим заврши на второто место во Источната конференција.

Во светот на Дизни каде што се игра завршницата на сезоната Репторс и без Каваи Ленард кој го напушти клубот импресионираат со своите патии.

Нурс во кариерата работел во англиската кошарка, би тренер во Белгија, во Остенде, а во НБА лигата влегол преку развојната лига. Пред да биде именуван за тренер на Торонто пред две години во периодот од 2013 до 2018 година бил асистент во овој тим.

 

Scroll to Top