Top Sport

Обрадовиќ двапати одбил продолжување на договорот со Фенербахче

По слабата сезона во Евролигата, Фенербахче најверојатно на крајот на сезоната ќе мора да бара и нов тренер, откако турските медиуми тврдат дека Жељко Обрадовиќ одбил да ја продолжи соработката со истанбулскиот гигант.

Фенер се на делба на осмото место во Евролигата на осум кола пред крајот на регуларната сезона, а според „ТРТ“, српскиот тренер двапати ги одбил понудите за продолжување на договорот и најверојатно веќе бара нов предизвик.

Главен фаворит за негова замена е грчкиот тренер Димитриос Итудис, кој моментално е на кормилото на ЦСКА Москва. Обрадовиќ во Истанбул пристигна од Панатинаикос во 2013 година, и оттогаш освои три титули од турскиот шампионат и една од Евролигата, прва за еден турски клуб/

Scroll to Top