Top Sport

Ливерпул со два порази откако малиот фан на Јунајтед побара од Клоп да престанат да победуваат

Дарах Карли, 10-годишниот навивачи на Манчестер јунајтед неодамна стана атракција откако му прати писмо на Јирген Клоп барајќи Ливерпул да престане да победува. Оттогаш, „црвените“ доживеаја два драматични порази – во Лигата на шампионите од Атлетико Мадрид (1:0) и вчера во Премиер лигата од Вотфорд (3:0).

„Ливерпул победуваат во премногу мечеви. Ако победите уште девет пати ќе го имате најдобриот скор во англискиот фудбал. Како навивач на Јунајтед тоа ме прави многу тажен. Затоа следниот пат кога ќе играте, ве молам, загубете. Дадете другиот тим да ви даде гол. Се надевам дека ве убедив да не ја освоите лигата и да не победите на ниту еден меч повторно“, пиша Карли.

Следна шанса за исполнување на желбата на малиот Дарах е веќе во среда против Челси во ФА купот.

Млад навивач на Јунајтед го замолил Клоп да престане да победува

Scroll to Top