Кошаркарската легенда на Црвена звезда Саша Обрадовиќ најверојатно ќе биде новиот тренер на црвено-белиот тим. Обрадовиќ како играч во три мандати го носел дресот на Црвена звезда, а тренерската кариера ја изгради надвор од Србија.
Црвена звезда наредната сезона ќе има нов тренер бидејќи Драган Шакота поради здравствени проблеми ќе ја напушти функцијата.
Ова информација денес ја пласираа неколку медиуми, иако во изминатите денови се шпекулираше дека во клубот ќе се врати трофејниот стратег Дејан Радоњиќ.
Обрадовиќ во моментов е тренер на Монако, меѓутоа има опција во договорот дека може да замине доколку добие понуда од клуб кој се натпреварува во Евролигата.