Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ имаше интересен одговор на прашањата на литванските новинари кога беше запрашан да даде коментар за војната во Украина. Партизан изнеадувачки загуби со 93:78 на гостувањето кај Лиеткабелис во меч од Еврокупот.
„Ова не се случува првпат. Имам 62 години и се сеќавам на многу работи во мојот живот. Не можам да се потсетам дека луѓето зборуваа за војните претходно. Мојата држава беше бомбардирана во 1999 и не видов дека има толку коментари. Исто така во Ирак, Сирија, Авганистан… А сега сите зборуваат за оваа војна. Секако, тоа е нормално, и секако, секогаш сум против било каква војна“, вели Обрадовиќ.