Top Sport

Црвена звезда го собори „кралот“ во Белград

Црвена звезда стигна до импресивна 65:62 (16:15, 19:13, 8:14, 22:20) победа над Реал Мадрид во меч од одложеното 20. коло во Евролигата, продолжувајќи ја лузерската серија на „кралевите“, кои сега имаат четири порази во низа во елитното европско натпреварување.

И покрај оваа лоша серија, Реал остануваат втори на табелата зад Барселона, додека третата победа едноподруго на Звезда го носи српскиот тим на деветтото место на табелата по исклучувањето на трите руски клубови (ЦСКА, Зенит и Уникс). Звезда има 10-12 скор, додека на осмото место Монако има 10-13.

Scroll to Top