Top Sport

Обрадовиќ: Не се сеќавам кога мојата земја ја бомбардираа дека се зборуваше толку

Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ имаше интересен одговор на прашањата на литванските новинари кога беше запрашан да даде коментар за војната во Украина. Партизан изнеадувачки загуби со 93:78 на гостувањето кај Лиеткабелис  во меч од Еврокупот.

„Ова не се случува првпат. Имам 62 години и се сеќавам на многу работи во мојот живот. Не можам да се потсетам дека луѓето зборуваа за војните претходно. Мојата држава беше бомбардирана во 1999 и не видов дека има толку коментари. Исто така во Ирак, Сирија, Авганистан… А сега сите зборуваат за оваа војна. Секако, тоа е нормално, и секако, секогаш сум против било каква војна“, вели Обрадовиќ.

Scroll to Top