Top Sport

Обрадовиќ си оди од Фенер, малку одмор, па во Барселона?

Најновите неофицијални информации од Турција се дека тренерот на Фенербахче, Србинот Жељко Обрадовиќ на крајот на сезонава го напушта клубот од Истанбул. Информациите се дека на негово место ќе дојде стратегот на Жалгирис, Шарунас Јасикевичиус.

Наводно, Обрадовиќ кој двапати добил можност за обнова на договорот, но и двапати одбил планира едногодишна пауза, по што шпекулациите се дека ќе седне на клупата на шпанска Барселона.

Обрадовиќ во Фенербахче дојде летото 2013 година и со турската екипа еднаш ја освои Евролигата, четирипати беше шампион на Турција, а во вредната колекција трофеи додаде и 3 Купа и 3 Суперкупа.

Во кариерата има освоено 9 титули шампион на Европа и вкупно 41 трофеј.

Scroll to Top