Top Sport

Белгијците се премислуваат околу откажувањето на сезоната

Белгиската Про лига го одложи состанокот за ратификување на крајот на сезоната 2019/20 по заканите од УЕФА дека нема да има места во европските натпреварувања за лигите кои предвреме ќе се откажат од опцијата за продолжување на лигата.

Минатата недела, Про лигата објави дека сезоната се прекратува, а Клуб Бриж е шампион, а Васланд-Беверен испаѓа од лигата, но сега повторно ќе се разговара за крајот на сезоната на 24 април

Во официјалната објава минатиот четврток, лигата оцени дека е тешко веројатно дека ќе може да се организираат фудбалски мечеви пред крајот на јуни и дека тоа е преголем ризик за фудбалерите.

Клуб Бриж се лидери во шампионатот со 15 поени предвторопласираниот Гент на само еден меч пред крајот на регуларната лига со 16 клуба и стартот на плејофот во кој топ 6 клубовите одредуваат кој ќе биде шампион, а кој ќе игра во европските купови.

Scroll to Top