Одлуката Никола Јокиќ ова лето да не игра за Србија во квалификациите за ОИ во Токио (Србија остана без пласман на Олимпијада) наиде на поделени мислења во Србија. Својот став го кажа и тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ.
Популарниот Жоц ги апострофираше потезите на големите НБА ѕвезди Лука Дончиќ, Дејвин Букер, Крис Мидлтон и Џру Холидеј кои и покрај напорната сезона се најдоа во Токио.
„Фактот е дека сите треба да размислат за примерите. Добар пример се овие тројца американски репрезентативци кои играа НБА финале, двајцата беа шампиони, а третиот финалист. Ден откако ги завршија обврските со клубот се качија во авион и се приклучија на националниот тим и станаа шампиони. Тука за мене почнува и завршува секоја приказна поврзана со ова“ вели Обрадовиќ.
Сигурно дека зборовите на еден пд најуспешните европски тренери имаат тежина, останува да се види дали ќе „фатат место“ онаму каде што се упатени.