Top Sport

Обрадовиќ со Фенербахче стигна до 300 победи

Кошаркарите на Фенербахче ја забележаа 300. победа под водство на тренерот Жељко Обрадовиќ. Синоќа, Фенер во Евролигата запиша убедлива победа над Дарушафака 100:79.

Обрадовиќ ја започна шестата сезона на клупата на Фенербахче, а неговиот скор е 300 победи и 88 порази. Во овој период турскиот тим го оствари најголемиот клупски успех, пред две сезони ја освои Евролигата.

Покрај трофејот во Евролигата, Обрадовиќ со Фенербахче освоил и четири титули во првенството и една во купот на Турција.

„Ова е нешто што го постигнавме сите заедно. Добро е едно вакво искуство, само мораме да продолжиме во овој ритам“, рекол Обрадовиќ.

Српскиот тренер во кариерата девет пати бил европски првак со Партизан, Хувентуд, Реал Мадрид, Панатинаикос и Фенербахче. Единствено не успеал да ја освои титулата со Бенетон од Тревизо на чија клупа седел во периодот од 1997 до 1999 година.

Scroll to Top