Top Sport

Обрадовиќ тренер на сезоната во АБА лигата

Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ е прогласен за најдобар стратег на сезоната во АБА лигата.

Најтрофејниот европски стручњак вторпат по ред го однесе ова ласкаво признание, предводејќи ги црно-белите сезонава до лидерска позиција во регуларниот дел од сезоната со 24 победи и два порази.

Во изборот на колегите тренери од АБА лигата, навивачите и новинарите, Обрадовиќ доби 72,4 отсто од гласовите и заврши пред тренерот на Задар, Данијел Јусуп, кој доби 13,6 отсто од гласовите, по 6,2 отсто од гласовите добија тренерите на Цибона и ФМП Јосип Шесар и Ненад Стефановиќ.

Досега четири пати е доделена наградата за тренер на сезоната. Дејан Радоњиќ ја освои во сезоната 2014/15, Драган Бајиќ додека ја водеше Игокеа во 2020/21 година, а сега Жељко Обрадовиќ двапати по ред.

Scroll to Top