Top Sport

Обрадовиќ за помала плата ќе остане во Фенербахче

Најтрофејниот тренер во Евролигата Жељко Обрадовиќ наводно решил да стане во Фенербахче и си турскиот клуб да потпише нов три годишен договор. Според турските медиуми тој се согласил платата да му биде преполовена. Според претходниот договор тој годишно заработувал три милиони евра.

Обрадовиќ изминатите четири дена водеше интензивни преговори со челниците на Фенербахче. Во текот на денот пишувањата на турските медиуми треба да бидат поврдени од клубот.

Според овие извори Фенербахче за наредната сезона ќе има буџет помал од 20 милиони евра, што е значително помалку од претхосните сезони.

Кога ќе го потпише договорот Обрадовиќ ќе има задача да ги задржи Костас Слукас и Џиџи Датоме кои имаат понуди од Олимпијакос односно Олимпија Милано. Исто така ќе разговаrа и со сонародникот Никола Kалиниќ чии договор е истечен.

Scroll to Top