Top Sport

Обст ја торпедира Црвена звезда, Партизан се извлече против Милано, Реал во дербито го победи Олимпијакос

Три натпревари го отворија второто коло во кошаркарската Евролига. Победи забележаа Реал Мадрид, Баерн Минхен и Партизан.

Реал Мадрид со голем пресврт, во последната четвртина го победи Олимпијакос со 89:77.

Најефикасни играчи во Реал Мадрид беа Марио Хезоња со 18, Габриел Дек со 13, Факундо Кампацо со девет поени и осум асистенции.

За Олимпијакос, Тајлер Дорси постигна 20, Еван Фурние 14, Саша Везенков 13, Никола Милутинов 10 поени со девет скока.

Во следното коло, Реал ќе игра против Асвел на домашен терен, а Олимпијакос ќе го пречека Дубаи.

Партизан во Белград за малку ќе направеше од готово вересија против Армани Милано. И покрај тоа што домаќинот имаше водство и од 20 поени, на крајот победи со 80:78.

Гостите стигнаа до минус два на помалку од една минута пред крајот, Партизан потоа не искористи напад и му дозволи на Армани дури и да има напад за победа. Марко Гудуриќ ја зеде топката, шутираше за три поени во последната секунда, но тоа беше лош и краток шут.

Стерлинг Браун беше најефикасен со 20 поени, Карлик Џонс имаше 15, Исак Бонга и Џабари Паркер постигнаа по 10 поени.

На спротивната страна Шилдс имаше 21, Брукс и Гудуриќ по 12 (8 асистенции), додека Нибо имаше 10 поени и 6 скока.

Баерн во Минхен ја победи Црвенз звезда со 97:88. Со подобра игра во второто полувреме, Баерн оствари победа над црвено-белите.Покрај тоа Баерн го имаше Абдреас Обст, кој постигна девет тројки од 16 обиди. Германскиот репрезентативец натпреварот го заврши со 31 поен.

Кај Црвена звезда се исткна Џордан Нвора со 27 поени, пет скока и две асистенции.

Scroll to Top