Top Sport

„Од мој агол јас сум најдобриот во НБА“

Крилниот центар на Њу Орлеанс Пеликанс, Ентони Дејвис, смета дека во НБА лигата не постои подобар играч од него. Дејвис е во НБА од 2012 година и само во првата сезона не успеа да оствари „дабл-дабл“ просек (13,5 поени и 8,2 скока).

Дејвис е еден од најдоминантните играчи во лигата, од сезона во сезона ја унапредува својата игра, а очигледно е дека тој е полн со самодоверба.

„Гледајќи од мој агол, јас сум најдобриот играч во лигата. Навистина тоа го мислам и не може никој да ме убеди дека тоа не е така“, рекол Дејвис.

Ентони Дејвис досега во кариерата има просек од 23,4 поени и 10,3 скока по натпревар.

Scroll to Top