Францускиот репрезентативец Венсан Поарије е нов играч на реал Мадрид. Поранешниот играч на Басконија, изминатите две сезони ги мина во НБА лигата.
Поарије, не успеа да направи кариера во САД, за две сезони, одигра само 32 натпревари за Бостон Селтикс и Филаделфија Севентисиксерс.
Поарије, во Реал ќе му биде резерва на Еди таварез, откако Алекс Тајус не успеа да одговори на предизвикот.
Шпанските медиуми објавија дека Поарије со Реал ќе потпише тригодишен договор.