Top Sport

Оџо пред смртта тренирал по трипати на ден

Кошаркарот на Црвена Звезда, Мајкл Оџо (27) најверојатно напорните тренинзи го чинеле живот.

Информациите кои денеска ги пласираат српските медиуми се дека кошаркарот кој почина на 7. овој месец неколку дена пред смртта имал по три тренинзи дневно што било големо оптоварување за неговиот организам.

Нигерискиот кошаркар речиси цел месец се борел со Ковид 19, имал воспаление на белите дробови и поради тоа докторите му советувале да мирува. Сепак, тој не ги послушал инструкциите.

„Вишото јавно обвинителство го презема случајот. Засега е утврдено дека Оџо тренирал по трипати на ден, наутро имал футинг (трчање со истегнување), потоа околу 12 часот редовен тренинг, а навечер одел во вежбална. Тоа на крајот довело до смртта на кошаркарот кој се уште не бил опоравен од коронавирусот. Тој на 28 јули ја добил птврдата дека е негативен на Ковид 19, но подоцна било утврдено дека се уште во него постоела инфекција која е последица на вирусот“ – информира неименуван извор за српски „Телеграф“.

Се уште не се познати резултатите од обдукцијата кои се очекува да ја откријат вистинската причина за смртта на кошаркарот.

Информациите се дека Оџо на сопствена одговорност се вратил на теренот без одобрение од клупскиот доктор.

Scroll to Top