Изминатата ноќ во НБА лигата забележителни настапи имаа играчите од просторите на поранешна Југославија. Покрај Никола Јокиќ, кој со монструозен дабл-дабл го предводеше Денвер до победа над Голден стејт 117:116, извонредни натпревари одиграа Јусуф Нуркиќ, Никола Вучевиќ, Богдан и Бојан Богдановиќ.
Портланд го изненадија Мемфис. Блејзерс славеа со 123:119. Блескаше Босанецот Нуркиќ со 32 поени и осум скока. Нуркуќ на овој меч го постигна 5.000 поен во кариерата.
Мемфис не успеаја да го избегнат поразот и покрај неверојатната партија на Џа Морент (44 поени, 11 асистенции).
Чикаго ја продлжи победничката серија. Против Сакраменто, Чикаго победија 125:117. Победниците ги предводеше Демар Дерозан со 35 поени, Коби Вајт постигна 31 поен, а Црногорецот Вучевиќ забележа 21 поен и 10 скока.
Атланта Хокс го декласираа Орландо Меџик со 130:109. Србинот Богдан Богдановиќ го предводеше тимот со 23 поени и шест асистенции.Поен помалку за Хокс постигна Тре Јанг.
Јута во драматичен натпревар доживеа пораз од ЛА Лејкерс 106:101. Хрватот Бојан Богдановиќ беше вториот најефикасен играч на Јута. Тој постигна 15 поени (три тројки). Џезерите ги предводеше Донован Мичел со 37 поени.
Кај победнците се истакнаа Леброн Џејмс со 33, односно Ентони Дејвис и Расел Вестбрук со по 17 поени.