Top Sport

Одлични партии на Јокиќ и Богдан, Лејкерси не запираат (Видео)

Лос Анџелес Лејкерс забележаа нова победа во НБА лигата. „Езерџиите“ предводени од своите супер-ѕвезди Леброн Џејмс и Ентони Дејвис победија во Атланта. Во ноќта што измина одлични изданија имаа Србите Богдан Богдановиќ и Никола Јокиќ, односно Црногорецот Никола Вучевиќ.

Лејкерси против еден од најлошите тимови во лигата мораа да одиграа максимално сериозно за да забележат победа 101:96 над Атланта Хокс. Леброн Џејмс натпреварот во Атланта го заврши со 32 поени, 13 скока и седум асистенции, а Ентони Дејвис забележа 27 поени и 13 скока. Кај домашниот тим се истакна талентираниот плејмејкер Тре Јанг со 30 поени.

Лејкерс со скор од 24 победи и три порази, заедно со Милвоки Бакс се лидери во НБА лигата.

Деневер Нагетс имаа предност и од 20 поени против Њујорк Никс, но на крајот извојуваа тешка победа 111:105.

Српскиот центар Никола Јокиќ ги предводеше Денвер до 19 победа во сезоната со 25 поени, 10 скока и пет асистенции. Ова беше шестиот меч во низа со „дабл-дабл“ учинок за Јокиќ.

Неговиот сонародник Богдан Богдановиќ имаше речси перфектен шут во победата на Сакраменто над Голден стејт 100:79. Богдановиќ мечот го заврши со 25 поени (9/11 шут од поле, 4/5 тројки).

Орландо во Њу Орлеанс ги декласира Пеликанс со 130:119. Во тимот на Орландо по 20 дневната пауза се врати Никола Вучевиќ со учинок од 20 поени и девет скока. Интересно Вучевиќ беше еден од осуммината играчи на Орландо со двоцифрен број на поени.

Scroll to Top