Top Sport

Одложен натпреварот ЛА Лејкерс-ЛА Клиперс

Градското дерби во НБА лигата помеѓу ЛА Лејкерс и ЛА Клиперс кое требаше да се одигра утре од 4 часот по средно-европско време е одложено поради смртта на Коби Брајант. Лејкерси побарале од лигата да го одложи натпреварот.

Легендарниот Коби Брајант настрада во хеликоптерска несреќа во неделата во 10 часот по локално време. Заедно со него загинаа уште осум други лица, меѓу кои и неговата 13 годишна ќерка Џијана.

Коби за 20 години со ЛА Лејкерс освои пет шампионски титули, два пати бил МВП на финалните натпревари, а еднаш МВП на регуларниот дел од сезоната. Со репрезентацијата на САД два пати бил олимписки шампион.

Лејкерси во моментов се лидери во Западната конференција со скор 36/10, додека Клиперси се трети со скор 33/14.

Scroll to Top