Top Sport

Официјално: „Чачо“ Родригез во Милано

Шпанскиот кошаркар Серхио „Чачо“ Родригез официјално стана член на Олимпија Милано (Армани), објави клубот. Шпанецот потпишал три годишен договор, а по сезона ќе заработува 2,2 милиони евра.

Чачо кариерата ја започнал во Естудијантес, потоа играл во НБА за Портланд, Сакраменто и Њујорк, а целосна афирмација стекна во Реал Мадрид. Шест сезони тој играше за Реал, а по неуспешниот обид во Филаделфија се врати во Европа, во ЦСКА Москва.

Минатата сезона со овој тим ја освои Евролигата.

Чачо е шестото засилување за Милано од почетокот на преодниот рок, пред него во клубот пристигнаа Ерон Вајт, Мајкл Рол, Шелвин Мек, Пол Билига и Рикардо Мораскини.

Scroll to Top