Top Sport

Серија А ќе започне „жестоко“

Серија А го објави календарот за сезоната 2019/2020. Сезоната во Италија ќе започне жестоко, со две дерби средби во второто коло.

Првенството во Италија ќе започне на 25 август. Јувентус, одбраната на шампионската титула ќе ја започан во Парма, Наполи со Елиф Елмас ќе гостуваат кај Фиорентина, Интер ќе го пречекаат Лече, а новиот тренер на Милан, Џанпаоло, ќе дебитира во Серија А на гости кај Уденезе, чии дрес од оваа сезона го носи Илија Несторовски. Горан Пандев и Џенова гостуваат кај Рома.

Серија А, 1 коло 25 август:
Калјари-Бреша
Фиорентина-Наполи
Верона-Болоња
Интер-Лече
Парма-Јувентус
Рома-Џенова
Сампдорија-Лацио
СПАЛ-Аталанта
Торино-Сасуоло
Удунезе-Милан

Второто коло ќе донесе две дерби, во Торино, на Јувентус ќе му гостува Наполи, а во Рим ќе се игра „Дерби дела Капитале“, Лацио ќе биде домаќин против Рома.

Првото „Дерби дела Мадонина“ помеѓу Милан и Интер е на 22 септември, во четвртото коло, додека Антонио Конте, новиот тренер на Интер, во „Дерби дела Италија“ против својот поранешен клуб Јувентус ќе се сретне на 6 октомври.

Во 11 коло се играат натпреварите Рома-Наполи и Милан-Лацио.

Италијанските фанови со нетрпение ќе го чекаат и 26 јануари наредната година кога како тренер на Јувентус прв пат ќе гостува во Неапол.

Сезоната во Серија А ќе заврши на 24 мај наредната година.

Scroll to Top