Top Sport

Официјално: Итудис во Фенербахче

Димитрис Итудис е новиот тренер на Фенербахче, потврдија од истанбулскиот клуб.

Она за што се шпекулираше пред крајот на сезоната сега е и официјално. Поранешниот тренер на ЦСКА Москва го наследи српскиот тренер Александар Ѓорѓевиќ во Фенербахче.

Итудис потпиша тригодишен договор со Фенер.

„Сакаме овој договор да биде од корист и за клубот и за Димитрис Итудис и се надеваме дека нашиот нов тренер ќе има трофејна сезона во жолто-синиот дрес“, се вели во клупското соопштение.

Итудис претходно мина осум години во ЦСКА Москва, шест пати беше шампион на Русија, исто толку шампион на ВТБ лигата, двапати ја освои европската титула. Двапати беше прогласуван за најдобар тренер во Евролигата.

 

Scroll to Top