АВ Охрид загуби во првиот натпревар во втората лига на АБА, откако Борац од Чачак во „Билјанини извори“ беше подобар за 20 коша – 62:82.
Домашниот тим лошо го почна мечот, и гостите направија предност од 7 поени (14:21) по првата четвртина, по што до крајот на мечот постојано да се во негатива.
Реми Бери беше најефикасен со 21 поен за македонскиот тим, додека Кенет Крејг Рос постигна 13 поени. Во српскиот тим најефикасен беше Стојадиновиќ, исто така со 21 поен.
Охрид – Борац Чачак 62:82 (14:21/19:20/18:20/11:21)