Top Sport

Оклахома го отпушти Усман Гаруба

Центарот на шпанската репрезентација Усман Гаруба доби отказ од Оклахома сити Тандер. Гаруба, беше 23. пик на драфтот пред две години, кога беше избран од Хјустон, но не успеа да се наметне – минатата сезона играше во просек 12,9 минути и бележеше по три поени и четири скока по натпревар.

Тој беше трејдуван во Оклахома во текот на летото, имаше загарантиран договор вреден околу 2,5 милиони долари, но не се вклопи во плановите на неговиот нов тим.

Поранешниот играч на Реал Мадрид, кој е висок 203 сантиметри, во моментов со шпанската репрезентација се подготвува за Мундобаскетот.

Доколку не најде ангажман во САД, Гаруба ќе се врати во Европа.

Кога замина во НБА лигата, Гаруба се обврза дека ќе се врати во Реалдоколку се врати на „стариот континет“.

Scroll to Top