Top Sport

„Ол-стар“ натпреварот ќе го менува форматот

Комесарот на НБА, Адам Силвер, најави дека следниот „ол-стар“ меч, кој ќе се одржи во Индијана, би можел да се врати на стариот концепт.

Капитените веќе неколку години ги избираат своите соиграчи без разлика од која конференција доаѓаат, но постои идеја повторно да се вратат на стариот начин.

Силвер најави дека веќе на следниот „ол-стар“ фановите ќе гледаат нешто што веќе е традиција.

Очигледно, експериментирањето со форматот на најважниот „ол-стар“ настан не вроди со плод за навивачите и љубителите на кошарката, кои очигледно сакаат повторно да го видат ривалството на најдобрите имиња од Источната и Западната конференција.

Силвер при гостувањето во ЕПСН зборуваше на оваа тема, меѓу другото, спомнувајќи само дека цели кон повеќе „традиционални“ решенија за Ол-стар натпреварот.

„Бараме некои промени во начинот на формирање на тимовите, веќе размислуваме за тоа за следниот „ол-стар” натпревар во Индијанаполис. Можеби враќање на нешто потрадиционално, во начинот на формирање на тимовите“.

Scroll to Top