Top Sport

Олдирџ со 56 поени го уништи спектакуларниот трипл-дабл на Вестбрук (Видео)

Спектакуларен меч, најдобар во досегашниот дел од сезоната во НБА лигата, одиграа Сан Антонио Спарс и Оклахома Тандер. По две продолженија Сан Антонио славеа со 154:147.

Мечот го обележа центарот на Сан Антонио, Ламаркуз Олдриџ, со личен рекорд од 56 поени. Олдриџ стана првиот играч по Шекил О’Нил во 2000 година, кој без погодена тројка постигнал толкав број на поени.

Играчите на Оклахома успеаја во регуларниот дел од натпреварот да надоместат негатива од 16 поени и со поените на Грент на 5,6 секунди до крајот да изборат продолженија.

Првото продолжение не успеа да го реши Дерозан, бекот на Сан Антонио промаши тројка. Во второто продолжение доминираше Олдриџ кој постигна седум поени.

Сан Антонио ја забележаа шестата победа на последните седум натпревари. Кошаркарите на Грег Поповиќ имаа неверојатен процент на реализација за три поени. Тие погодија 16 тројки од 19 обиди, а ги погодија првите 14 обиди за три поени, што е најдобра реализација на еден тим во последните две децении.

Сан Антонио му ја расипаа перфектната ноќ на Расел Вестбрук кој запиша монструозен трипл-дабл од 24 поени, 13 скока и 24 асистенции.

Кај Сан Антонио покрај Олдриџ се истакнаа Дерик Вајт со 23 поени и 8 скока, Марко Белинели со 19 поени и Демар Дерозан со 16 поени, 11 скока и 8 асистенции.

На спротивната страна Вестбрук го следеа Пол Џорџ со 30 поени, Џереми Грент со 25 поени и 12 скока, односно Теренс Фергусон со 21 поен.

Scroll to Top