Српскиот центар, Никола Јокиќ, не престанува да ги воодушевува Американците. Изминатата ноќ во победата на Денвер Нагетс над ЛА Клиперс 121:100, тој се израмни со легендата Карим Абдул-Џабар, според бројот трипл-даблови меѓу високите играчи. На вечната листа пред Јокиќ е уште една легенда, Вилт Чембрлен.

Денвер Нагетс лесно се справија со ЛА Клиперс, ја забележаа 28.победа во сезоната и ја задржаа челната позиција на Западот. Јокиќ блескаше со трипл-дабл од 18 поени, 14 скока и 10 асистенции.

Српскиот центар го забележа 21. трипл-дабл во сезона, петти во сезоната.