Top Sport

Олимпија го потврди трансферот на Димитријевиќ

Репрезентативецот на Македонија, Ненад Димитријевиќ, е новото засилување на Олимпија Милано.

Ненад Димитријевиќ, по две сезони го напушти УНИКС Казан и го стави својот потпис на договорот со Олимпија Милано.

Како што официјално објави Олимпија на својата веб-страница и сподели на социјалните мрежи, Димитријевиќ ќе биде нивен член од сезоната 2024/25.

Донта Хол и Шабаз Напиер веќе го напуштија тимот, па местото на бековската позиција останува празно и се верува дека Димитријевиќ ќе биде вистинската замена за нив двајца.

Димитријевиќ изминатите две сезони беше најдобар играч во руската ВТБ лига.

Scroll to Top