Канаѓанецот Кевин Пангос во наредните две сезони ќе го носи дресот на Олимпија Милано.
Пангос, минатата сезона ја започна во Кливленд Кавалирс, а на 23. февруари потпиша договор со ЦСКА Москва. За „армејците“, поради руската инвазија врз Украина не одигра ниту еден натпревар.
Претходно беше член на Зенит од Санкт Петербург, Барселона и Жалгирис, во Евролигата има просек од 13,5 поени и 6,7 асистенции по натпревар.