Top Sport

Олимпијакос го здроби „вечниот“ ривал за да се врати во плејофот

Олимпијакос го обезбеди  својот прв пласман во плејофот во Евролигата од 2018 година, доминирајќи над својот лут ривал Пантаинаикос со 101:73 победа. Користејќи ја суспензијата на трите руски клуба (ЦСКА, Уникс и Зенит), Олимпијакос се искачи на четвртото место на табелата.

Шест кошаркари на Олимпијакос имаа двоцифрен број на поени, а најдобри беа Саша Везенков со 16 поени и 5 скока во 18 минути, и Костас Слукас со 16 поени и 9 асистенции.

„Црвените“ почнаа фантастично за првите десет минути да ги добијат со неверојатни 38:13, за да го зголемат водството на 50:18 во половината на втората четвртина. За ПАО, Дерил Мејкон имаше 23 поени, а Јоргос Папајанис завршиу со 18 поени.

ЕВРОЛИГА, 30.КОЛО

Жалгирис – Анадолу Ефес 71:85 (19:23, 11:18, 10:24, 31:20)

Олимпијакос – Панатинаикос 101:73 (38:13, 20:20, 20:18, 23:22)

Реал Мадрид – Асвел Лион 70:58 (20:14, 16:16, 15:17, 19:11)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top