Кошаркарскиот клуб Олимпијакос, по одлуката да не игра во плеј-офот, со одлука на Кошаркарската федерација на Грција е исфрлен во втората лига и наредната сезона ќе ја започне со минус од шест бода. Резултатите на Олимпијакос од тековната сезона ќе бидат избришани.
Пред почетокот на плеј-офот челниците на Олимпијакос најавија дека клубот нема да ги игра натпреварите со Панатинаикос доколку судиите бидат од Грција. Претходно еден меч во регуларниот дел од сезоната, против истиот противник, „црвените“ не го одиграа.
Олимпијакос наредната сезона со сигурност ќе се натпреварува во Евролигата, со која има постигнато договор, а во исчекување е и одговорот од регионалната АБА-лига.