Американскиот кошаркар Кендрик Нан, како што сега стојат работите ќе биде,новото засилување на Олимпијакос.
Според италијанскиот новинар Матео Андреани, Олимпијакос и Кендрик Нан ги договориле сите детали околу доаѓањето на Американецот во клубот.
Италијанскиот новинар тврди дека Олимпијакос на Нан ќе му даде плата од шест милиони долари по сезона и дека договорот ќе биде потпишан на две години.
Шандел Ричардс од Спортс Илустрејтед ги дава истите тврдења.
Нан би бил одлично засилување и сензација еднаква на доаѓањето на Кемба Вокер во Монако. Ако не е поголема.
Кендрик Нан игра како бек шутер и плејмејкер, а во кариерата има играно за Санта Круз Вориорс, Мајами Хит, Лос Анџелес Лејкерс и Вашингтон Визардс.