Top Sport

Олимпијакос си заминале од теренот поради судиите

Големото дерби во кошаркарскиот Куп на Грција помеѓу Панатинаикос и Олимпијакос не заврши, откако гостите во „црвени-бело“ одбиле на полувремето да се вратат на теренот.

Пнатинаикос по првите две четвртини имале предност 40:25, во натпревар во кој за кошаркарите на Олимпијакос им биле досудени три лични грешки во првите 28 секунди.

„Не сакаме да учествуваме во оваа фарса. Повеќе не можеме ова да го трпиме, челниците на лигата мора да сторат нешто“, рекол генералниот менаџер на Олимпијакос Кристос Ставропулос.

Инаку Панатинаикос службено го добија мечот 20:0 и во финалето ќе играат против ПАОК.

„Ова беше планирани. Изгледа не можат да си ги платата играчите и сега велат дека судиите им се виновни. Можеби семејството Агелопулос сака да го напушти Олимпијакос, а за тоа не обвинува нас и судиите. Тоа е неприфатливо. На теренот се губи или победува“, изјавил контроверзниот сопственик на Панатинаикос Димитирис Јанакопулос.

Scroll to Top