Top Sport

ВАР-победа за Реал во Амстердам, Тотенхем ја „поништи“ Борусија (видео)

Пресметката на двата повеќекратни европски шампиони, Ајакс и Реал Мадрид на „Јохан Кројф арената“ нема да се памети многу по резултатот (1:2 за Реал), колку по контроверзите кои ги предивика ВАР-системот и судијата Дамир Скомина во втората вечер од воведувањето на оваа технологија во ЛШ.

Во другиот вечерашен меч, Тотенхем успеа со 3:0 да ги „уништи“ лидерите во Бундеслигата, Борусија Дортмунд благодарение на три гола во второто полувреме.

„Копјаниците“ го стартуваа мечот одлично, нижејќи шанси пред голот на Тибо Куртоа и во првите 13 минути имаа над 60 отсто од поседот на топката, а во 27. минута Душан Тадиќ ја погоди пречката. Реал ја врати рамнотежата во вториот дел од полувремето, кога Бејл имаше две изгледни шанси, пред да дојде најконтроверзниот момент во мечот.

Во 37. минута, по една лоша одбрана на Куртоа, Таљафико со глава ја погоди мрежата на гостите, но словенечкиот судија Дамир Скомина реши да го искористи ВАР системот. По безброј прегледувања на видеото, Скомина реши дека Тадиќ го „попречувал“ голманот и го поништи голот – прв поништен во историјата на Лигата на шампионите со ВАР технологијата.

Секако, теориите на заговор можат да почнат, бидејќи УЕФА реши да го именува Скомина  за главен судија на мечот само пред два дена откако претходно беше поставен Полјакот Шимон Марчинијак.

Во второто полувреме, „кралевите“ ја преземаа иницијативата и во 60. минута, по одличниот пробив на Винисус, тој го пронајде Карим Бензема, кој ја продолжи одличната гол-серија и не му даде шанса на голманот Онана.

Темпото на Ајакс падна по примениот гол, но се понадеваа дека можат да стигнат до (барем) заслужено реми кога Хаким Зијеч доби одлична топка од Нерес во 75. минута. Судијата Скомина повторно покажува дека ќе ја разгледува ситуацијата на ВАР, но не го прави тоа. Сепак, „кралевите“ во Шпанија се враќаат со победа, откако Марко Асенсио

Ајакс ги имаа загубено последните шест натпревари во европските натпреварувања против Мадрид со неверојатна гол-разлика од 2:20, а последната победа над шпанскиот клуб ја имаа во ноември 1995 кога со 2:0 ги победија во групи со головите на Јари Литманен и Патрик Клајверт на „Сантијаго Бернабеу“.

Во сенка на дуелот на поранешните европски шампиони, Тотенхем на „Вембли“ успеа да направи предност од 3:0 против Борусија Дортмунд и да патува во Германија со надеж дека четврт-финалето е на дофат.

Хеунг-Мин Сон, Јан Фертонген и Фернандо Љоренте стрелаа за Спарси, за кои ова е една од најимпресивните победи во Лигата на шампионите.

 Фото: ЕПА

Scroll to Top