Top Sport

Олимпијакос со драматична победа над Звезда, Фенер понижен во Берлин

Олимпијакос стигна до драматична 81:79 победа над Црвена звезда во 13. коло од Евролигата, иако домаќините имаа дури 14 поени предност по првата четвртина.

Звезда имаше фантастична прва четвртина (30:16), но грчкиот клуб веднаш почна со камбекот и во третата четвртина ги претекна домаќините (70:61). Звезда уште еднаш се доближи до противникот и на минута пред крај имаше предност од 78:76, но Давидовац направи чекори во нападот за +4. Седум секунди пред крајот О’Брајант имаше шанса да донесе победа за Звезда од линијата за слободни фрлања, но постигна само еден поен, по што Принтезис поентираше под фаул.

Принтезис заврши со 16 поени, Спанулис додаде 14, додека Џони О’Брајант беше најефикасен за Звезда со 16 поени.

Алба Берлин, пак, во доминантен меч со 89:63 ги совлада Фенербахче за да го подобри скорот на 5-7, додека ова е уште еден незгоден пораз за тимот на Игор Кокошков. Германскиот клуб имаше 31 поен водство на крајот на третата четвртина, откако Нилс Гифи имаше 13 поени, Пејтон Сива 11, а Крешимир Никиќ 10 поени. Нандо де Коло имаше катастрофално враќање на теренот со 2 поени  за 16 минути, а Тарик Биберовиќ беше единствен двоцифрен со 13 поени.

ЕВРОЛИГА, 13.КОЛО

Црвена звезда – Олимпијакос 79:81 (30:16, 15:21, 16:25, 18:19)

Алба Берлин – Фенербахче 89:63 (23:16, 21:11, 26:14, 19:22)

Басконија – Макаби Тел Авив 63:67 (20:12, 13:25, 21:19, 9:11)

Реал Мадрид – Зенит Санкт Петерсбург 79:72 (24:21, 12:10, 23:11, 20:30)

Валенсија – Анадолу Ефес 76:74 (19:23, 21:15, 14:22, 22:14)

Scroll to Top