Олимпијакос ја забележа и 11-тата победа во 17-тото коло на Евролигата, доминирајќи над Армани Милано за 82:66 победа, прекинувајќи ја добрата серија на италијанскиот клуб на три победи.
Грчкиот клуб направи голема предност уште во првата четвртина, која ја добија со 27:15, за на полувреме да одат со предност од 44:38. Алек Питерс со 16 поени беше најдобар за Олимпијакос, додека Томас Вокап додаде 10, а кај Италијанците, Били Берон имаше 12 поени.
Пред дуелот со МЗТ Скопје во АБА-лигата, најсилниот регионален клуб, Црвена звезда стигна до драматична 75:77 победа на гости кај Валенсија. Звезда почна одлично, и иако шпанскиот клуб успеа да се врати до третата четвртина, во поголемиот дел од последните 10 минути во водство беше Звезда, за да стигнат до 72:63 водство. Валенсија одговори со тројка и со нови два поени, за во драматична завршница, домаќините да го утнат обидот за израмнување и приморување продолженија.
ЕВРОЛИГА, 17.КОЛО
Анадолу Ефес – Асвел Лион 78:72 (17:19, 12:17, 23:22, 26:14)
Олимпијакос – Олимпија Милано 82:66 (27:15, 17:23, 15:6, 23:22)
Валенсија – Црвена звезда 75:77 (19:24, 23:23, 16:14, 17:16)
Реал Мадрид – Макаби Тел Авив 98:65 (22:7, 29:27, 27:15,20:16)