Top Sport

Осман, Богдановиќ и Дончиќ на „Ол Стар“ натпреварот

Традиционално на „Ол Стар“ викендот во НБА лигата ќе биде одигран натпреварот на ѕвездите во подем. Оваа година во тимот на светот ќе настапат Србинот Богдан Богдановиќ, Словенецот Лука Дончиќ и Турчинот роден во Охрид, Чеди Осман.

„Ол Стар“ викендот ќе се одржи на 16. и 17.февруари, а традиционално ден пред главниот меч на програмата е натпреварот во кој играат екипи составени од играчи од САД и оние што не се родени во Америка.

Србинот Богдановиќ, минатата година, беше прогласен за МВП на овој натпревар.

Комплетни списоци на играчите што ќе настапат на натпреварот:

Тим на Светот:

О-Џеј Ануноби, Деандре Ејтон, Богдан Богдановиќ, Лука Дончиќ, Шај Џилиус-Александер, Родионис Курук, Лаури Марканен, Џош Окоги, Чеди Осман, Бен Симонс

Тим на САД:

Џерет Ален, Марвин Бигли, Лонзо Бол, Џон Колинс, Деарон Фокс, Џарен Џексон, Кајл Кузма, Донован Мичел, Џејсон Тејтум, Трае Јанг

Scroll to Top