Top Sport

Осман им се извини на Турците за неуспехот на СП

Охриѓанецот кој го носи дресот на кошаркарската репрезентација на Турција, Џеди Осман, преку социјалните мрежи им се извинил на навивачите за прераното испаѓање од Светското првенство.

Турците првата фаза ја отворија со победата над Јапонија, потоа на неверојатен начин им ја подарија победата на Американците, а како последица на тој пораз не успеаја да ја победат Чешка во клучниот меч за пласман во главната рунда.

Турците против САД, во последните секунди од продолжението имаа поен предност и четири слободни фрлања со кои можеа да стават точка на мечот. Меѓутоа најпрвин Балбај, а потоа и Осман беа непрецизни, а потоа Мидлтон им ја донесе победата на Американците 93-92.

Поради тоа Осман се огласи на „Твитер“.

Се надевавме дека можеме да ја победиме Чешка и дека ќе одиме во втората фаза. Се надевавме дека можеме да славиве…“, пишува Осман и додава.

„Длабоко сум им благодарен на нашите навивачи кои дојдоа овде за да не бодрат. Благодарен сум ѝ на целата нација која не следеше преку ТВ-екраните. Лично жалам што не успеав да направам да бидете среќни. Сепак нема да се откажеме. Пред нас има уште многу натпревари. Ви благодарам за пораките со поддршка. Го сакам овој тим и ја мојата земја“, напишал кошаркарот на Кливленд Кавалирс.

Во продолжение на Светското првенство Турција ќе разигрува за пласман од 17 до 32 место.

Scroll to Top