Top Sport

Освои НБА прстен, па си нарача 50 пилешки медалјони – толку поени постигна

Вчера грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо го осбои својот прв НБА шампионски прстен, вкупно втор за Милвоки по пауза од цели 50 години.

Популарниот „Greek Freak“ уште еднаш ја покажа скромноста – не отиде да скапо славење на титулата, туку во фаст фуд сендвичарница.

Утрото по шампионската вечер возејќи се низ градот со вредниот трофеј отиде да се почести со пилешки медалјони.

„Добар ден. Смеам да ве снимам“ – пристојно ја праша вработената во ресторанот за брза храна.

„Овој пренос оди во живо и го гледаат 150.000 луѓе. Сакам да нарачам 50 пилешки медалјони. Не 51, не 49, сакам точно 50 парчиња“ рече Адетокумбо асоцирајќи на две работи – бројот на поени што ги постигна во шестиот решавачки меч, но и фактот што титулата оди кај Бакси по пауза од цели 50 години.

Scroll to Top