Top Sport

Пред 2 години и дијагностицирале леукемија – сега ќе плива на ОИ во Токио

Храбрата јапонска пливачка Рикако Ике најавува борба за најсјајно одличје на Олимписките игри во Токио. Тука не би било ништо чудно, но на оваа 20-годишна девојка пред 2 години и дијагностицирале леукемија.

„Ќе го искористам искуствово како отскочна даска за да станам доминантен пливач кој никогаш не губи. Ова не го очекував, имав многу помалку самодоверба за разлика од пред 5 години“ рече пливачката по државното првенство на кое избори норма на Олимпијадата.

Пливаше во штафетата 4×100 метри и заврши со време 57.77 секунди. Кога стигна на целта силно ја стегна тупаницата, ги прегрна противничките и се расплака.

Нејзините солзи ги видоа во целиот свет, па без оглед на резултатот кој ќе го направи во Токио, таа веќе е победник.

Во поединечка конкуренција не сакаше да се натпреварува, затоа што, како што самата кажува, нејзиното тело се уште се опоравува од тешката болест.

Scroll to Top