Top Sport

Ова е забивањето на деценијата (видео)

Светската куќа на кошарката (ФИБА) организираше голема интернет акција за одбирање на најдоброто забивање во изминатите 10 години.

Победник е Иранецот, Арсалан Каземи кој до победата дојде со забивањето против грчкиот центар, Јанис Бурусис во квалификациите за Олимписките игри во 2016 година во Рио де Жанеиро.

Каземи освои 55.8% од гласовите на публиката со ова забивање:

Второто место му припадна на Карлос Мораиш од Ангола со потег од африканскиот шампионат во 2013 година. Нему му припаднаа 44,2% од гласовите на љубителите на кошарката.

Scroll to Top