Top Sport

Симеоне: ВАР им помага на тимови како Реал Мадрид

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего (Чоло) Симеоне верува дека употребата на ВАР технологијата им оди во корист на тимовите кои повеќе напаѓаат, како во случајов со Реал Мадрид.

Кралскиот клуб на последните два меча во Ла Лига триумфираше благодарејќи на головите на Серхио Рамос од белата точка.

„Не сакам да се повторувам, но ВАР открива се. Претходно немаше можност некои работи да се воочат, се правеа грешки. Но вака е поправедно. Ако на некој тим му се досудуваат повеќе пенали, тоа е затоа што тој тим напаѓа повеќе и повеќе време поминува во противничкиот казнен простор, како што е случајот со Реал Мадрид. Некогаш судијата на терен не може да види што се случило, но сега има кој да го извести, за да провери одредена ситуација“ смета Симеоне.

Што се однесува за амбициите на неговиот тим за наредната сезона, Симеоне е задоволен од сработеното.

„Направивме добра работа во текот на паузата. Многу разговаравме и заедно работевме преку ЗУМ апликацијата за подготвени да го дочекаме излегувањето на терен. Имавме добри ротации, се адаптиравме на вистинскиот начин и на сите околности. Мора да продолжиме вака, се уште не е се завршено“ смета Симеоне.

Атлетико по продолжувањето на сезоната има 5 победи и 2 нерешени со што се наоѓа на третата позиција и речиси обезбеден пласман во ЛШ идната сезона.

Scroll to Top